септември 9, 2022

Скопје, 9. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 223 тестови, при што се регистрирани 34 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 26
• Битола и Прилеп по 2
• Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе по 1

Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од:

• Скопје 71
• Охрид 46
• Делчево 29
• Куманово 19
• Битола 10
• Кавадарци и Струга по 8
• Кочани 7
• Прилеп, Тетово и Велес по 6
• Струмица, Крива Паланка и Пехчево по 5
• Берово, Валандово, Виница и Кратово по 4
• Дебар 3
• Штип, Гевгелија и Македонски Брод по 2
• Неготино, Свети Николе, Гостивар, Кичево, Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79 до 89 години. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во периодот од 10-ти до 29-ти август 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука