Студентите по медицина од светот ќе го одржат Генералното собрание во Охрид
Охрид, 10.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од 3-ти до 9-ти август, Охрид ќе биде домаќин на 64-то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на медицински студентски асоцијации – ИФМСА.
Ќе учествуваат над 800 учесници од 120 земји ширум светот.
Организаторите – студентите од Македонската медицинска студентска Асоцијација велат дека се подготвени за организирање на еден ваков голем настан.
– Сакаме да му докажеме на светот дека и Македонија може да ги исполни стандардите на ИФМСА како една од најголемите студентски организации во Светот, броејќи над 1,5 милиони членови и организациите кои ја поддржуваат, меѓу кои СЗО, ОН и УНЕСKО, велат македонските студенти.
За тема на настанот е избрана „Миграција на здравствените работници”. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |