Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид: Се отстранува паднатата гранка од чинарот во населбата Кошишта

Охрид, 12. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатата вечер, напукна голема гранка од чинарот во населбата Кошишта.

– Поради опасност по минувачите и околните објекти, теренот во вечерните часови беше затворен за сообраќај. Екипи од ЈП „Охридски комуналец“ од рано утринава започнаа со санација на оштетениот дел. Големата и сува гранка која претставуваше опасност за минувачите и околните објекти беше отстранета. Предвидено е после завршување на вегетацискиот период, есенва да продолжи санацијата на чинарот која ќе се изведува под надзор на стручни лица, информираат од Општина Охрид.

Проценетата старост на чинарот е 300 години. Претходно Општина Охрид во соработка со стручни лица изврши санација и ревитализација на чинарите во Охридската чаршија и населбата Воска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука