Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Работите на патниот правец Охрид-Ресен, преку Галичица ќе траат до 19-ти септември

Охрид, 14. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – По стартот на работите на 18-ти август 2022 година и првичните најави за завршување на 12-ти овој месец, од АМСМ информираат дека градежните работи (асфалтирање) на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица ќе траат до понеделник, 19-ти септември 2022 година.

Во истиот период, сообраќајот делумно беше во прекин, и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот.

– Работите се изведуваа само во работни денови, информираат од АМСМ.

Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај од почетокот на мај до 01.10.2022 година за возила со вкупна маса до 3,5 тони. (Крај)

извор: ОхридПрес/АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука