септември 14, 2022

Скопје, 14. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24  часа, направени се 866 тестови, при што се регистрирани 141 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 79
• Прилеп и Кавадарци по 9
• Куманово и Битола по 7
• Охрид 6
• Тетово 4
• Велес 3
• Кичево, Гевгелија и Ресен по 2
• Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци по 1

Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции.

Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од:

• Скопје 50
• Кавадарци 7
• Штип 6
• Прилеп 5
• Крива Паланка 3
• Куманово, Битола и Гевгелија по 2
• Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево по 1

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84 години), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука