Проекции на нови филмови во Струга
Струга, 10. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга продолжуваат кино проекциите на филмови.
Денес и утре ќе се прикажуваат холивудски филмови, од кои дел се прикажуваа во изминатиот период, а дел ќе се прикажуваат премиерно.
Денес со почеток во 16:30 часот ќе се прикажува филмот „Лудиот Макс: Пат на бесот“. Билетите се по цена од 200 денари. Од 19:00 часот ќе се прикажува филмот „Шпиони“. Од 21:15 часот е проекцијата на филмот „Полтергјаст: Куќен – Дух 3D“.
Утре со почеток во 16:30 часот ќе се прикажува „Утреземја: Светот Потаму“, од 19:00 часот е репризата на „Шпиони“, а проекциите ќе бидат комплетирани со репризата на „Полтергјаст: Куќен – Дух 3D“ со почеток во 21:15 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |