Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре Мастер Клас со Иан Рошлин и Боби Мојсовски на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 16. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Како се прават дигитални игри на другата страна на светот? Што е актуелно во Америка, а што во Азија? Што значи да имаш издавач кој инвестира во твојата игра? Какво е чувството кога играта ќе ти биде презентирана на Gamescom и Pax West, а интервју ти прави Thomas Brush?

Овие прашања и уште многу други ќе бидат дискутирани на мастер-клас предавањата кои ќе се одржат на Универзитетот за информатичка наука и технологија (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, утре, сабота, на 17-ти септември 2022 година, со почеток во 12:00 часот.

Предавачи ќе бидат Ian Rochlin од Рио де Жанеиро, Бразил, претседател на интернационалниот натпревар Game Jam Plus и Боби Мојсовски од Охрид, основач на MystiveDev и гејм девелопер на Mirror Forge.

Ian Rochlin е еден од најважните преставници на бразилската и јужно-америчката game development сцена. Game Jam Plus е најголемиот од многуте проекти кои ги има создадено. Тоа е настан со светско реноме, во кој учествуваат многу земји од сите континенти. Главната цел е да се промовираат младите game development тимови, да се обучат како професионално да работат, да се поврзат со инвеститори и да им се овозможи да ги издадат своите игри. Неговото предавање е на тема „From Brazil Across the World – How we built the biggest game development competition in the world“.

Боби Мојсовски веќе 8 години работи како 3D артист и гејм маркетер, за паралелно со тоа да развива и видео игри. Пред една година започна да ја развива играта Mirror Forge и за истата потпиша договор со издавачот DreadXP. Овој негов успех, потврда за големата посветеност, е достигнување и за македонската game development заедница, а најмногу за Охрид, град кој сѐ почесто импресионира со успеси во IT сферата. Темата на неговото предавање е „Full-Time Indie Dev: Game Development & Entrepreneurship“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука