Избор Хроника

Во мај годинава царината поднела една пријава против лице кое транзитирало во Охрид

Охрид, 10. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во текот на мај оваа година поднесе една кривична пријава против едно лице, кое се обидело да прошверцува пиротехника преку Охрид.

Лицето се товари за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Македонскиот државјанин бил патник во автобус што сообраќал на релација Дортмун – Охрид. Тој се обидел, транзитирајќи преку Охрид, нелегално да внесе во државата 635 парчиња пиротехнички производи – огномети. Непријавените огномети биле пронајдени во долниот дел на патната торба на осомничениот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави