Избор Спорт ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Во два наврати нарушен јавниот ред и мир на натпреварот Гостивар-Воска Спорт Охрид

Голема Речица, 17. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти септември 2022 година било пријавено дека во периодот од 15:00 до 16:55 часот, во тетовското село Голема Речица, нарушен е јавниот ред и мир за време на одигрување на фудбалски натпревар во рамки на Втората македонска фудбалска лига помеѓу домашната екипа на ФК „Гостивар“ од Гостивар и гостинската екипа на ФК „Воска Спорт“ од Охрид.

– Во два наврати бил нарушен јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување на навивачи од навивачки групи на двете екипи. Според кажување на А.Б., спортски директор на гостинската екипа, притоа тој бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Гостиварпрес.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука