Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Косовскиот филм „Улиште“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Охрид, 19. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 21-ви и 22-ри септември 2022 година со почеток во 20:00 часот.

„Улиште“ е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Билетите се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука