Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Претставата „Сопружници“ в петок на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 19. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – В петок, 23-ти септември, на репертоарот на охридскиот театар е изведбата на претставата „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Претставата ќе се одигра во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука