Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечер: Охридскиот аеродром е изграден по наредба на Тито кога англиската кралица изразила желба да ги посети Белград, Дубровник и Охрид

Охрид, 19. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Постои една приказна дека аеродромот во Охрид е изграден за потребите на англиската кралица, која, наводно, за време на посетата на Јосип Броз Тито на Велика Британија, во 1953 година, изразила желба да ги посети Белград, Дубровник и Охрид, јави весникот Вечер.

Со оглед на тоа дека Охрид во тоа време немал аеродром, Тито веднаш наредил да се изгради.

Кралицата никогаш не дојде во Охрид, но затоа тука беше престолонаследникот Чарлс. Принцот од Велс во Охрид дојде само на еден ден, кога му беше доделена честа да отвори една британска развојна агенција. (Крај)

извор: Вечер фото: Вечер

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука