Локална самоуправа Спорт

Општина Охрид се вклучи во Европската недела на спортот

Охрид, 20. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на спортот.

– Фокусот е ставен на обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортско-рекреативни активности. Одбележувањето започна во ООУ „Св. Климент Охридски“ преку организирање на спортско-рекреативни активности. Во наредните денови вакви активности ќе се организираат и во другите училишта, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука