Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Девет работи кои физиотерапевтите сакаат да ги знаете за болката

Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Болката може да ви пречи во секојдневните активности, дома и на работа, а со тоа и да влијае на квалитетот на животот. Повеќето болки може да се третираат без препишани опоиди (аналгетици) со помош на физикална терапија.

Физиотерапевтите се експерти за движење кои ја третираат болката преку практична нега, едукација на пациентот и пропишано движење.

Ова се девет работи кои физиотерапевтите сакаат да ги знаете за болката:

1. Болката потекнува од мозокот

Се верува дека болката потекнува од повредените ткива на нашето тело. Но всушност болката не постои се додека мозокот не утврди дека постои. Мозокот користи „виртуелна патна мапа“ да го насочи излезот од болка до ткивата за кои се сомнева дека се во опасност. Ова е процес на комуникација помеѓу мозокот и ткивата на телото и служи како одбрана од можни повреди или болести.

2. Степенот на повредата не е секогаш еднаков на степенот на болка

Истражувањата покажаа дека сите ние ја доживуваме болката на индивидуален начин. Додека некои може да доживеат голема повреда со мала болка, други имаат многу мала повреда но чувствуваат многу јака болка. Секој има иднивидуален праг на степен на болка.

3. Без разлика што покажуваат дијагностичките снимања (магнетна резонанца, рентген, компјутерска томографија), наодот може да не е причина за вашата болка

Направена е клиничко испитување кај луѓе на возраст од 60 години и постари, кои немале симптоми на болка во долниот дел на грбот, студијата покажала дека: 36% од нив имале дискус хернија, а 21% од нив имале спинална стеноза. Повеќе од 90% имале дегенериран или балџинг диск по направените дијагностички снимања.

4. Психолошките фактори, како што се депресија и анксиозност може да ја влошат вашата болка

Болката може да биде под влијание на многу различни фактори, како што се психолошките состојби. Една неодамнешна студија на „Списанието на болката“ покажа дека психолошките варијабли кои постоеле пред оперативен зафат на целосна замена на коленото се поврзани со претходното искуството на пациентот со долготрајна болка после операцијата.

5. Социјалната средина може да влијае на вашата перцепција за болка

Многу пациенти наведуваат дека нивната болка се зголемува кога се на работа или во стресна ситуација. Сигнали за болка се испраќаат кога некое лице е во средина или ситуација која мозокот ја толкува како небезбедна. Тоа е основна форма на самозаштита.

6. Разбирањето на болката преку образование може да ја намали вашата потребата за нега

Едно големо истражување ги опфатило луѓето во војска и открило дека на оние војници на кои им била дадена едукативна сесија од 45 минути поврзана со болката, помалку барале помош за појава на болки во грбот отколку нивните врсници кои не биле едуцирани.

7. Нашиот мозок може да биде измамен и да развие болка при ампутации и ставени протези на екстеремитетите

Истражувањата покажаа дека нашиот мозок може да биде „измамен“. Луѓето со ампутиран екстремитет можат да развијат и чувство кај екстремитетот што е ампутиран и да предизвикаат „фантомска болка“ што изгледа дека доаѓа од протетски екстремитет – или „фантомски“ екстремитет. Чувството е генерирано од асоцијацијата на перцепцијата на мозокот за тоа што е телото од раѓање (целосно и комплетно) и што е моментално (по ампутација).

8. Способноста да се разликува лево од десно може да се промени кога ќе почувствувате болка

Сигналите во мозокот кои ви помагаат да разликувате лево од десно можaт да бидат засегнати кога имате силна болка. Ако имате болка и сте забележале дека вашето чувство за насока е малку дезориентирано, тоа може да биде затоа што “патоказот“ во мозокот кој детализира патека до секој дел од телото може да биде „размачкана“. (Ова е термин што го користиме за да опишеме дел од виртуелниот патоказ на мозокот кој не е јасен. Замислете како истурате мастило на патоказот од хартија и потоа се обидувате да ја искористите таа мапа за да стигнете до вашата дестинација.)

9. Не постои начин да дознаете дали имате висока толеранција на болка или не

Науката и истражувањата треба да утврдат дали сите ние ја доживуваме болката на ист начин. Додека некои луѓе тврдат дека имаат „висока толеранција“ за болка, не постои точен начин да се измери или спореди толеранцијата на болка кај луѓето. Иако постојат некои алатки за да се измери колку сила можете да издржите пред да почувствувате болка, сепак не може точно да се утврди како ја чувствувате таа болка. Ако имате болка која го ограничува вашето движење или ве спречува во работата, секојдневниот живот и други активности, физиотерапевтите може да ви помогнат. Физикалната терапија е безбеден третман за луѓе со акутна или хронична болка.

Да ја победиме болката без лекови!

Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нивната официјална страна на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука