Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Иако има специјализирани кампови во Охрид и Струга, камп возилата и понатаму се паркираат насекаде

Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Слободата на движење, можноста често да се менуваат локациите, но и зголемените цени на горивата и туристичките услуги, направија ширум светот се’ повеќе луѓе да ги користат камп возилата.

Морските дестинации се најпопуларни за овие туристички номади, но се’ повеќе ги откриваат убавините и на Охрид и околината.

И покрај тоа што во Охрид и Струга има специјализирани кампови, каде можат да добијат соодветна услуга, сепак секоја сезона ги гледаме паркирани на повеќе локации во Охрид и околината.

Најпопуларни се центарот на градот, а особено паркингот кај „Славија“, кај Езерската полиција, но и други „диви“ локации каде бесплатно се паркираат на неколку дена.

На паркингот кај Езерската полиција утрово можеа да се забележат бројни вакви возила од Германија, Британија, Австрија и други земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука