Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Болницата за кардиоваскуларни заболувања склучи Меморандум за соработка со УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид

Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид склучи Меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

– Со овој Меморандум го отвараме патот за идна соработка во повеќе сфери, која за своја крајна цел има подобрување на квалитетот на услугите кон заедницата-нашите, во служба на здравјето на граѓаните, а на Универзитетот во служба на образовната дејност. Се отвара можноста за воспоставување на едукативна и научна соработка како и соработка во користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии во здравството. Очекуваме дека ваквата соработка ќе резултира со побрза и полесна достапност на новините во медицината до јавноста и промоција на здрави животни навики и здравствена грижа преку координирани интернет кампањи. Темелна и ефикасна статистичка обработка на акумулираните податоци за пациентите, креирање на локални регистри, носење на заклучоци за чекори кон подобрување на кардиоваскуларното здравје на нашата популација. Можност за широка интернационална соработка преку организирање на онлине платформи со здравтвени институции и лекарски асоцијации надвор од земјата, организирање на научни конференции, семинари и обуки со информатичка и техничка подршка на Универзитетот, информираат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид.

Додаваат дека ќе се воспостават апликативни активности од взаемен карактер кон подобрување на процесот на работа и дека взаемната соработка ќе овозможи како крајна цел побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги, како и поефективна и полесна меѓусебна комуникација и комуникација со јавноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука