Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Фатен дрвокрадец на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид

Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти септември 2022 година, во 21:45 часот на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид забележале патничко возило „Митсубуши пајеро“ без регистарски ознаки како превезува огревно дрво.

– По преземени мерки, на имот на улицата, сопственост на 48-годишниот Б.С., било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука