
Изведба на фекална канализација на улица „Живко Чинго“.
Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на фекална канализација на улицата „Живко Чинго“.
– Должината на линијата изнесува 400 метри. Вредноста на проектот е 1.578.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |