Забава Избор

Суперталентираната Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година

Скопје, 22. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младата и суперталентирана Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ 2022, која ја додеува Донацијата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот.

Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година беше во состав: Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ- Ќима (Србија).

Ова воедно е прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата, која беше востановена во 2019 година беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.“, Драм со „Дај ми све“ и Ана $ The Changes со песната „Ту“.

Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд „Хладно пиво“, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 ја организираше Фондацијата „Милан Младеновиќ“, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот „Дорчол Плац“, на 21-ви септември 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука