Избор Локална самоуправа

Се санира потпорниот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“

Охрид, 22. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започнаа активности за санација на потпорниот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“.

– Во комуникација со жителите од Стар град, овој потпорен ѕид беше означен како приоритетен за санација.
После завршување на санацијата на потпорниот ѕид се надминува опасноста од негово паѓање и појавување на свлечиште, информира градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

Изведувач на градежните зафати е фирмата „Бокоп“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука