Скопје, 23. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 546 тестови, при што се регистрирани 53 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 22
• Охрид 5
• Прилеп и Кавадарци по 4
• Битола и Велес по 3
• Тетово, Штип и Ресен по 2
• Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово 1
Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од:
• Скопје 75
• Кавадарци 5
• Битола, Велес и Штип по 4
• Ресен 3
• Прилеп и Кратово по 2
• Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш по 1
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82 години), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10-ти септември 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство