Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Започна Меѓународната едриличарска регата во Охрид, следете ги резултатите во живо

Охрид, 24. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението за спортско едрење „Aquatica Yachting“, а под покровителство на Едриличарската федерација на Република Македонија и Општина Охрид, денеска и утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата – International Ohrid Regatta.

Свеченото отворање се одржа утрово на плажата „Горица 1“, „К’j Дивоно“ со регатно поле во Охридскиот залив.

– Регатата ќе се одржи во класите: Optimist, ILCA 4 и 470, а учество ќе земат клубовите: JK „Палич“ од Палич, Србија, JK „Панонија 1975“ од Бела Црква, Србија, ЈК „Смедерево“ од Смедерево, Србија, ЦСЈЦ „Централ Софија Јахт Клуб“ од Софија, Бугарија, ЕК „Снегар“ од Струга и домаќинот „Акватика Јахтинг“ од Охрид, информирматираат организаторите.

Резултатите можете во живо да ги следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука