Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Три охридски компании помеѓу 100-те најголеми во Македонија по бројот на вработени за 2021 година

Скопје/Охрид, 26. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Костал Македонија на 21-то, ЛТХ Леарница на 46-то и АД „Жито леб“ на 99-то место се трите охридски компании помеѓу 100-те најголеми компании во Македонија, рангирани според бројот на вработени за 2021-та година.

Проектот „100 Најголеми“ на порталот pari.com.mk во соработка со платформата за бонитетни информации biznismreza.mk, содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени.

– Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени, информираат од pari.com.mk.

100-те најголеми работодавачи во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра.

Предмет на рангирањето се компаниите – трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва.

Комплетната листа ОВДЕ. (Крај)

извор: pari.com.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука