Избор Локална самоуправа

Иницијатива за подигнување на нивото на безбедност во училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците

Охрид, 26. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, соодветните служби на Локалната самоуправа, директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид, денеска остварија средба во насока на подигнување на нивото на безбедност во кругот на училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците.

– Се разменуваа мислења за зголемување на патролите особено во вечерните часови кога во кругот на училиштата се собираат млади луѓе. Дополнително се разговарше и за организирање на едукативни предавања од страна на претставници на СВР Охрид. информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука