Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ на мегдан со шампионот Вардар

Охрид, 27. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид во следното, петто, коло од Супер лигата го пречекуваат шампионот Вардар.

– Тие се добар тим, можеби се фаворити на хартија, но за нас тоа не е важно. Ќе се бориме и секако сакаме победа, ќе видиме, вели централниот бек Халил Озтурк.

May be an image of 8 people, people playing sports and indoor

Натпреварот ќе се одигра в сабота, 1-ви октомври, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот.

„Гладијаторите“ досега беа поразени од Бутел и Алкалоид, а беа подобри во дуелите со Прилеп и Куманово. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука