Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Филмот „Глас“ вечерва и утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Охрид, 28. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва и утревечер од 20:00 часот на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид е филмот „Глас“ на режисерот Огњен Свиличиќ.

Филмот е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат и дава отпор на верските практики на училиштето. Учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ. Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

Билетите се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука