Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Стартува продажбата на билетите за саботниот дуел на ГРК Охрид со Вардар

Охрид, 28. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од денес стартува продажбата на билетите за саботниот дуел на ГРК Охрид со шампионот Вардар.

Цената на билетот е 50 денари, а може да се набави секој ден од 18:00 до 20:00 часот на билетара во спортската сала „Билјанини извори“. Натпреварот ќе се одигра в сабота, 1-ви октомври, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот.

„Гладијаторите“ досега беа поразени од Бутел и Алкалоид, а беа подобри во дуелите со Прилеп и Куманово. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука