Избор ОБРАЗОВАНИЕ

Дисеминациски настан за Еразмус+ проектот „Училишна програма против лажните вести“

Охрид, 28. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре во големата општинска сала од 12:30 часот ќе се одржи дисеминациски настан за Еразмус+ проектот на охридската гимназија „Училишна програма против лажните вести“.

По две години, проектот е во завршна фаза, а на настанот ќе бидат презентирани проектните резултати со цел споделување на добрите практики кои би можеле да најдат примена на час, но и во неформалното образование.

School Programme Against Fake News, за лажните вести, е наменет пред сѐ за училиштата: наставници, младински работници и сите засегнати во оваа ера на преплавеност со секакви информации на социјалните мрежи и сите останати медиуми. Кратките едукативни видеа, снимени за потребите на проектот, се покрај прирачникот за наставници дел од проектните резултати, изработените материјали остануваат достапни за преземање од веб страницата на проектот.

– Психолошки механизми кои стојат во основа на реакциите на лажните вести на кои сме секојдневно изложени, се една од важните теми на овој проект, но тој ги третира и бројните други научни дисциплини. Примери за тоа како лажните вести се провлекувале низ историјата, литературата, природните науки, случај со корона вирусот и вакцините, како и манипулација со цифри и статистички податоци, сè тоа проследено со бројни илустративни примери, посочуваат од охридската гимназија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука