COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

96 нови случаи на Covid-19, две новозаболени лица од Охрид

Скопје, 28. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 729 тестови, при што се регистрирани 96 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 55
• Битола 10
• Куманово 8
• Тетово 6
• Прилеп 4
• Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка по 2
• Неготино, Радовиш и Богданци по 1

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од:

• Скопје 20
• Куманово и Кавадарци по 4
• Велес 3
• Штип и Неготино по 2
• Битола и Берово по 1

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69 години), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се регистрирани две починати лица од Скопје (81 и 91 години), двете лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука