Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21. степени

Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Денес ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука