Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Почина раперот Coolio, замина во неговиот „Gangsta’s Paradise“

Вашингтон, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вчера околу 17:00 часот по американско време, на 59-годишна возраст почина раперот Coolio, најпознат по мегахитот „Gangsta’s Paradise“.

– Coollio, чие вистинско име е Artis Lion Ajvi Junior, почина во куќата на пријател, објави неговиот долгогодишен менаџер Џарез Поси.

Песната „Gangsta’s Paradise“ достигна светски успех во 1995 година и се здоби со огромна слава како тема од филмот „Dangerous Minds“, со Мишел Фајфер во главната улога. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука