Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид одбележува 40 години постоење

Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид годинава одбележува значаен јубилеј – 40 години постоење – раст и развој, во чекор со модерната кардиологија во светот, во служба на илјадници пациенти од целта земја.

Директорката Елена Коваческа- Башуроска вели дека јубилејот е можност да направат ретроспектива од почетоците до денес со осврт на тоа каде се наоѓаат денес во кардиологијатата, во рамки на нашата држава.

– Овој Јубилеј е значаен не само за нас како Институција, туку и за градот Охрид и за целиот регион. Свесни за тоа, сите заедно скромно ќе го обележиме овој ден. Морам да нагласам дека за организирање на овој настан нема да биде потрошен ниту еден денар од здравствениот буџет, а за ова им се заблагодарувам на сите кои истиот ќе го овозможат, потенцираше Коваческа- Башуроска.

Јубилејот, симболично, ќе го одбележат на Светскиот ден на срцето, во Катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва, со почеток во 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука