Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Почна исплатата на септемвриските пензии

Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Почна исплатата на септемвриските пензии.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).

Со септемвриската пензија, пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %. Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука