Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ од режисерот Кристијан Ристески наскоро на кино репертоарот во Охрид

Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Новиот македонски филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески, премиерно ќе биде прикажан на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во петок и сабота, на 7-ми и 8-ми октомври 2022 година со почеток во 20.00 часот.

– „Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, за тоа дека заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, вели режисерот Кристијан Ристески, чиј дебитантски долгометражен филм го затвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмот имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Билетите се продаваат по цена од 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука