Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

В понеделник прв академски час за бруцошите на Факултетот за туризам и угостителство

Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – В понеделник, 3-ти октомври ќе се одржи првиот академски час за новите бруцоши на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.

Првиот час ќе се одржи во 12:00 часот во амфитеатарот на факултетот.

Во понеделникот се спроведе третиот уписен рок, а според досегашните резултати од претходните два, запишани се 165 бруцоши. Најмногу слободни места има на насоката туризам, додека државната квота на наскоките царина и шпедиција, менаџмент во услужен сектор и гастрономија се веќе пополнети. На гастрономија пополнета е и квотата за редовни студенти со кофинансирање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука