Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид пуштен во употреба најсовремен ангиограф
Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, денеска беше инсталиран и пуштен во употреба нов и најсовремен ангиограф.
– Со овој ангиограф се унапредува квалитетот на здравствените услуги на одделот за интервентна кардиологија и за таа цел обезбедени се средства од Министерството за здравство во износ од 30 милиони денари, кажа министерот за здравство во Владата на Република Македонија Беким Сали при денешната посета на оваа установа.
Посетата на оваа болница е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето, кој годинава се одбележува под мотото „Користи го своето срце за сите други срца“, потенцирајќи ја важноста од редовни прегледи со цел превенција и навремено откривање на кардиоваскуларните заболувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |