Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

В недела на градскиот плоштад бројни активности охридскиот Црвен крст

Охрид, 30. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Бројни активности на охридскиот Црвен крст закажани за в недела, 2-ри октомври на градскиот плоштад.

Покрај останатите активности,  од 13:00 часот ќе следи одбележување на Меѓународниот ден на стари лица под мотото „Отпорност на старите лица во свет кој се менува“. Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги промовира своите активности и ќе биде дел од Јога-смеа активноста. Паралелно со тоа ќе биде одбележан и 26-от роденден на Клубот на млади на Црвен крст Охрид и започнување на кампања за одбележување на Неделата на млади под мотото „Биди причина за нечија насмевка“.

Во 14:00 часот следи кампањата за ширење на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел едукацијата и подигање на свеста на населението за правилно и навремено укажување на прва помош, како клучен фактор во спречување и намалување на инвалидитетот и спасување на човечки живот, каде волонтери на Црвен крст Охрид, стручни лица, едукатори, демонстратори по прва помош, парамедици ќе реализираат презентација на вештини и техники за укажување прва помош, промоција на опрема за укажување на прва помош, ќе делат едукативен материјал и совети за прва помош и самопомош при најразлични ситуации и несреќи.

– Посетителите на Градскиот плоштад ќе имаат можност да ја запознаат „Линијата за здрав живот“ на Охридскиот тим на Орифлејм, Тим Татјана 421-Охрид, да дегустираат од производите од Wellness програмата и да ја одредат својата телесна тежина и комплетната здравствена состојба на својот организам со мерење на Танита вага, додаваат од организацијата.

На настанот со своето присуство поддршка ќе дадат градоначалникот на Охрид и генералниот секретар на Црвен крст на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука