
Билтен на МВР: Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
Охрид, 30. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти септември 2022 година, во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода 41-годишниот С.П. од Охрид.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблетки. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |