Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде дрога во пратка за осуденик од Струга во штипскиот затвор

Штип/Струга, 30. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти септември 2022 година, во 11:27 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во пратка која пристигнала за осуденикот, 25-годишниот М.Ш. од Струга била пронајдена кафеава прашкаста материја и ќесе со безбојна течност.

– Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и предметите биле одземени за понатамошна постапка. Исто така, во просторијата во која престојува М.Ш. затворски службеници извршиле претрес и пронашле мобилен телефон, кој исто така, бил одземен. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука