Избор ОБРАЗОВАНИЕ

Гимназијата потпиша меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Aпостол Павле“

Охрид, 30. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Потпишан меморандум за соработка меѓу ОСУ „Св. Климент Охридски“ и  Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Aпостол Павле“ од Охрид.

Со овој Меморандум за соработка се уредува начинот на соработката, координацијата и водењето на заеднички договорени активности меѓу овие две образовни установи на повеќе полиња како што се: реализација на едукативна, научна, апликативна соработка како и соработка со користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии, реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер, имплементација на најразлични облици на научно-истражувачка, информатичка и техничка помош.

Нема достапен опис

Исто така, учениците од Гимназијата, ќе можат да се вклучуваат во специјализирани предавања на факултетите на Универзитетот, што ќе ги реализира нивниот наставен кадар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука