Избор на украсни птици
Охрид, 11. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ пред хотел „Милениум“ денес ќе се одржи манифестацијата „Шарен цвет“.
Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни.
Манифестацијата ќе започне во 10.00 часот, а е под покровителство на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |