Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Објавена акустична верзија на „Ти си сав мој бол“ од ЕКВ снимена во Скопје во 1992 година (Видео)

Белград, 30. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Virgin Music Label & Artist Services во соработка со Фондацијата „Милан Младеновиќ“ го претставуваат новото издание на култната група „Екатарина Велика“.

Станува збор за акустична верзија на песната „Ти си сав мој бол“ која е снимена во 1992 година во Скопје, а сега доби видео спот од талентирана екипа составена од Јана Оршолиќ, Дарко Арсиќ и Игор Оршолиќ.

– Работата на ова видео за мене беше возбудливо интроспективно искуство. Unplugged верзијата што сега за прв пат е пред нас, 30 години по оригиналната изведба, ни ја враќа добро познатата песна на еден сосема нов начин – подлабоко, поинтензивно, полично. Многу сум благодарна на Фондацијата за довербата што ми ја даде, давајќи ми можност овој трогателен музички емотивен скапоцен камен да го претворам во игра на современа калиграфија на мој начин, изјави авторката на видеото, дизајнерката и едукаторка Јана Оршолиќ.

Објавувањето на лирското видео го означува лансирањето на Официјалниот канал на YouTube Екатарина Велика. Идејата е да се објават ремастерирани и реставрирани видео материјали и концерти на едно место, како и ВХС архивата на ЕКВ, која Фондацијата „Милан Младеновиќ“ ја поседува и ревносно ја собира секој ден.

Ова издание е и најава за претстојниот албум наречен „EKV Unplugged Skopje 1992“ кој се состои од снимки од концертот одржан на крајот на ноември 1992 година во камерното студио М1 на Македонската ТВ, како дел од мини-турнејата во Македонија за промоција на албумот „Дум дум“. Концертот и снимањето се посебни, бидејќи Екатерина Велика никогаш не свирела акустични концерти во полн состав. Албумот ќе излезе на дигитални платформи на 7-ми октомври, под етикетата Universal Music. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука