Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремен дожд и температура до 24. степени

Охрид, 1. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Денес претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне најпрвин во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме. Од утре и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука