Избор Охрид

Охридските советници денеска ќе расправаат за летниот сообраќаен режим во градот

Охрид, 11.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Елаборатот за проценка на штети од град настанати на подрачјето на Општина Охрид на 9.мај годинава ќе се најде на дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Охрид.

Пред членовите на Советот ќе се најдат предлог-одлуките за продолжување на работното време на угостителските објекти во Охрид, како и за летниот режим на сообраќај во градот.

На дневен ред се и предлог-одлуките за општински линиски превоз на патници и за отстапување на користење на паркинг-простор од општината на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ Охрид.

Ќе се расправа и за реконструкцијата и санацијата на локалните патни правци во неколку населени места во општината, а најголемиот дел од точките ставени на денешниот дневен ред се однесуваат на вклопување на бесправно изградени објекти. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука