COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

55 нови случаи на Covid-19, едно новозаболено лице од Охрид

Скопје, 6. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 644 тестови, при што се регистрирани 55 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 38
• Битола 6
• Куманово 5
• Прилеп 3
• Тетово, Кавадарци и Охрид по 1

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од:

• Скопје 43
• Битола 4
• Куманово и Кавадарци по 2
• Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе по 1

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука