Избор Култура

Завршува втората фаза од санацијата на бедемот на летната сцена Долни Сарај

Охрид, 11. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид во тек е завршната втора фаза од реализацијата на проектот за конзервација и санација на оштетениот јужен бедем на летната сцена Долни Сарај.

Поради староста на малтерот на ѕидините кои се надвиснати над Охридското Езеро во изминатиот период честопати доаѓаше до одрони, што претставуваше голема опасност за минувачите што се движат по фрекфентната патека која го спојува градот со населбата Канео.

Со цел заштита на овој простор од натамошно пропаѓање стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид во иминатиот период интензивно работеа на реализацијата на проектот конзервација и санација кој се одвива во две фази. Во рамките на втората фаза се работи на целосна санација на скалите и фугирање на внатрешниот скалишен простор кој ја поврзува сцената Долни сарај со езерскиот брег, а ќе се изврши и комплетна илуминација на скалите.

Во текот на првата фаза извршена е реконструкција на оштетените делови од јужниот бедеми, обновени се дотраените дрвени појаси, а се направи мост кој го поврзува брегот со времената пешачка патека кон населбата Канео. Овој историски локалитет за време на Отоманската империја претставувал летен сарај на султанот, додека бедемите околу него датираат од постар период. Денес тој е летна сцена на која се одржуваат фестивали, концерти и други културни настани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави