
56 нови случаи на Covid-19, три новозаболени лица од Охрид
Скопје, 7. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 529 тестови, при што се регистрирани 56 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 36
• Куманово 4
• Прилеп и Охрид по 3
• Битола 2
• Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод по 1
Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од:
• Скопје 51
• Куманово и Прилеп по 4
• Штип 3
• Битола и Тетово по 2
• Велес, Кратово и Крива Паланка по 1
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76 години) и Скопје (85 години). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16-ти до 25-ти септември 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |