Лондон, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Челзи и Манчестер Сити одиграа нерешено 1:1 во натпревар од 23-то коло на Премиер лигата.
Лоик Реми и Давид Силва постигнаа по еден гол за своите тимови. Домаќините од „Стемфорд бриџ“ успеаја први да го отворат резултатот по добрата комбинација на Хазард и Реми, кој го постигна првиот гол на средбата. Четири минути подоцна, гостите од Манчестер сепак израмнија на 1: 1 со голот на Давид Силва.
Челзи останува лидер со 53 поени, а Манчестер Сити со шест поени помалку е на второто место. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23