Забава Избор Македонија Ретки болести 2022 ТОП ВЕСТИ

Каролина ќе пее за ретките, во недела концерт за лицата со Вилсонова болест во Градски парк во Скопје

Скопје, 14. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Каролина Гочева во недела, на 16-ти октомври, во Градски парк во Скопје ќе пее за поддршка на лицата со ретката болест Вилсон.

– Во недела, заедно со мојот бенд, пееме за поддршка на лицата со Вилсон, напиша таа.

Концертот почнува во 11:00 часот на летната сцена „Лепеза“.

Гордана Лолеска, Супер радио и Здруженијата „Ретко е да си редок“ и „Живот со предизвици“ веќе полни четири сезони ја реализираат Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ со која граѓаните се запознаваат со ретките болести во Република Македонија. Повеќе за Вилсоновата болест од емисијата која беше посветена на оваа ретка болест во 2020 година.

Петтата сезона се подготвува и истата ќе започне на 1. февруари 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес/info.mk фото: република.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука