Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Ќе започне со работа детското драмско студио, аудиција на 1-ви ноември

Охрид, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот месец ќе започне со работа детското драмско студио при охридскиот Центар за култура „Григор Прличев”.

Аудицијата ќе се одржи на 1-ви ноември во 19:00 часот во просториите на установата.

– Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност, а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават За аудицијата, треба да подготвите двеминутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претставите пред вашите идни ментори. Со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи вработени во Охридски театар, информираат од Центарот за култура.

Пријавите може да се испратат на мејл адресата centarzakultura_ohrid@yahoo.com, со назнака: Пријава за член на драмско студио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука